Чурлинов и Шалке го превземаа врвот во Цвајте (видео)

228

Се чини дека ќе гледаме супер финиш на Втората германска фудбалска лига откако главниот фаворит Вердер направи кикс, а Шалке 04 со победата над Сандхаузен во гости (1:2) го презеде врвот.
Симон Терод ги постигна двата гола за Шалке, а при првиот имаше голема помош од Дарко Чурлинов. Македонскиот репрезентативец со шут од далечина ја погоди стативата, топката се одби до Терод кој ја смести во мрежата.
А во финишот на мечот Чурлинов ја поведе акцијата по кој падна голот. Македонецот дојде до топката, ја го пронајде во шеснаесетникот Идризи, а овој му асистираше на Терод кој донесе победа.
Шалке е прв со 59 бода, а Вердер е втор со 57.

ПретходноПознат е новиот сопственик на Челзи
СледноБобан Николов со Шериф ја освои титулата во Молдавија