Одбојкарките на Јанта волеј Кисела Вода вечерва ја имаат првата меч-топка на патот кон новата шампионска титула во домашниот одбојкарски шампионат. Тимот кој го прани насловот од минатата година, имаше извонреден почеток на финалната серија и веќе поведе со 2:0 во дуелите со големиот градски ривал Работнички.
Тимот кој беше најуспешен во регуларниот дел од сезоната почна лошо во финалната серија и засега не успеа да му нанесе пораз на шампионот. Јанта Волеј КВ ја крена формата за најважните сезонски натпревари и веќе е на прагот да го одбрани шампионскиот пехар.
Вечерва вомалата сала на арената „Борис Трајковски“ од 20 часот доколку тимот од Кисела Вода успее да обезбеди макар и минимална победа ќе го потврди шампионскиот наслов.
ПРВА ЛИГА (Ж) – ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ
(1) / Работнички Скопје – Јанта волеј КВ 1:3 (28:26, 18:25, 19:25, 20:25)
(2) / Јанта волеј КВ – Работнички Скопје 3:1 (25:19, 20:25, 25:19, 25:19)
(3) / Работнички Скопје – Јанта волеј КВ (петок, 20.00, МРТ-3)