Ќе стисне заби: Хандановиќ се уште незалечен ќе мора да се врати меѓу стативите

265

По шокантниот пораз кај Болоња во минатото коло по неверојатната грешка на голманот Раду, Интер е приморан да го врати на голот се уште незалечениот Самир Хандановиќ. Како што објави „Кориере дело Спорт“, Хандановиќ малку ја залечил повредата на лумбалниот дел која го принуди на минатиот меч да му го препушти голманското место на несреќниот Раду.

Капитенот на „нероаѕурите“ е подготвен да стисне заби и да се врати на своето место меѓу стативите. За дуелот со Удинезе в недела, кој Интер не смее да го загуби, тренерот Инзаги, сепак, нема да смета на турскиот интернационалец Чалханоглу кој е под суспензија поради картони, но во тимот ќе го има и рековалесцентот Видал кој е „фит“ по повредата на десниот зглоб.

ПретходноСтартува продажбата на билети за женското Европско првенство
СледноЈанта Волеј КВ вечерва ја има првата меч-топка за титула