Андреа Лекиќ ќе игра во Ференцварош

158

Екс ракометарката на Вардар, и една од најдобрите во светот, Андреа Лекиќ во следниот период ќе го носи дресот на унгарскиот гигант, Ференцварош.

Третиот стрелец во историјата на Лигата на Шампионите, на лето од словенечкиот Крим ќе се пресели во Унгарија.

„Секако дека се радувам. Ференцварош е синоним за традиција, еден од најголемите клубови во светот. Сите во клубот размислуваат како и јас, сакаат да се победува на секој меч. Мојата цел секогаш е да се оввојуваат трофеји“ – изјави 34. годишната Лекиќ.

 

ПретходноМакедонија домаќин на развоен турнир за фудбалери до 16 години
СледноДавидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа