Перез со прекрасен гол донесе голем бод на Кадиз против Севиља (видео)

259

Екипата на Севиља не успеа да го освои целиот плен вечерва против Кадиз во 34. коло на шпанската Ла Лига. Андалузијците одиграа 1:1 против соседите и покрај тоа што имаа водство во првото полувреме.
Ен Несири со гол во 7. минута ја доведе Севиља во предност, а фаворитот не успеа да ги освои трите бода. Во 66. минута Лукас Перез со прекрасен гол од слободен удар го изедначи резултатот кој се покажа како конечен.
Севиља е втора со 64 бода, а Кадиз е на 17. место со два бода повеќе од опасната зона.

ПретходноРаботнички победи во пет сета и се избори за четврти меч во финалето со Јанта Волеј КВ
СледноСтразбур стигна 1:3 против ПСЖ и уште сонува за ЛШ (видео)