Конзорциумот на Тод Бели ќе го купи Челзи од Роман Абрамович, ексклузивно пренесува Би-би-си откако банката Рајне груп ја прифатило оваа понуда. Од четирите јаки конзорциуми за нов сопственик е избран американскиот милијардер Тод Бели кој веќе е инволвиран во светот на спортот затоа што е ко-сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс и славната НБА екипа ЛА Лејкерс.
Њујоршката банка го оцени Бели како најпожелен понудувач и дека би требало да биде новиот сопственик на Челзи.
Интересно е што за најпожелен понудувач не е прогласен Џим Ратклиф кој понудил повеќе од пет милијарди евра за купување на клубот. Бели понудил околу три милијарди евра но имал и убав план за развој на клубот доволен за да го купи клубот.
Done ✅ pic.twitter.com/hu8HVMXTzK
— Boehly Era (@ToddBoehlyEra) April 29, 2022
BREAKING: Todd Boehly’s consortium is to be named as the preferred bidder to buy Chelsea. pic.twitter.com/xQBtlJeaS5
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 29, 2022