Салах ја освои првата од наградите за Играч на сезоната

57

Голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах е избран за Играч на сезоната од страна на Асоцијацијата на англиски новинари. Египѓанецот добил 48 отсто од гласовите, а зад него останале Кевин Де Брујн и Деклан Рајс. Салах втор пат ќе ја добие оваа награда, а беше најдобар и во 2018 година. Како потсетување број 1 во минатогодишната кампања во Премиер лигата новинарите го избраа бекот на Манчестер Сити Рубен Диаш.
Досега Салах запиша 22 гола и 13 асистенции во 31 натпревар во Премиер лигата, а во сите натпреварувања има 30 гола и 14 асистенции во 44 меча.
Фудбалерката на Челзи Саманта Кер ја освои наградата кај дамите.

ПретходноБобан Николов со Шериф ја освои титулата во Молдавија
СледноДавид Силва продолжи со Сосиедад