Раководството на Борусија Дортмунд тврди дека продолжува со разговори за иднината на Ерлинг Халанд, но се уште нема „конечна одлука“. Ова го изјави првиот менаџер на тимот Себастијан Кел за ТВ Скај. Норвешкиот напаѓач е баран од гиганти како Баерн Минхен, Манчестер Сити и Реал Мадрид, кои имаат свои понуди за играчот.
„Продолжуваме да зборуваме за ова и тоа го правиме секој ден, бидејќи сакаме што поскоро да ставиме крај на шпекулациите“, изјави Кел.
Извршниот директор Ханс-Јоаким Ватцке додаде дека клубот има сериозен интерес за Карим Адејеми, но се надева дека тој ќе потпише договор без ослободителна клаузула.
„Ако дојде кај нас, ќе се обидеме да потпишеме со него без ослободителна клаузула. Самиот играч повеќе или помалку сигнализираше дека сака да игра во Дортмунд и сега наша работа е тоа да го направиме реалност“, изјави Ватцке.