Да не направеше Вардар непотребни киксеви низ сезоната, сега веројатно ќе славеше влез во прва лига со денешниот триумф среде Струга над Воска со 0:1. Сепак, и вака сеуште има реални шанси „црвено -црните“ да го зазема второто место на табелата и да влезат во баражот.
Вардар вели ништо уште не е готово, има уште две кола. На враќањето од Струга во автобусот на Вардар „ечи“ песна. Капитенот Гачевски во екстаза пее „Ој Вардаре македонски“, и пораува, Вардар не го кажал последниот збор сезонава.