Докузовски повторно го доби Радуловиќ, Пеќ завери полуфинале

188

Марин Докузовски одново излезе како победник од македонската пресметка во косовскиот шампионат. Искусниот стратег со Пеќ ја доби и втората четвртфинална пресметка против Башкими предводен од Дарко Радуловиќ.

Тимот на Докузовски вечерва на гостински терен славеше со 75-77 и се пласираше во полуфиналето на плеј-офот, а таму за противник ќе го има составот на Трепча.

Пеќ до триумфот дојде благодарение на добрата игра во последната четвртина. Домаќинот влезе со седум поени предност, но гостите со серија од 2-14 поведоа со 63-71. Башкими на самиот крај имаше шанси да израмни, на двапати не реализираше од линијата за слободни фрлања.

Од наште кои настапуваат надвор до победа дојде Ненад Димитријевиќ и Валенсија, на домашен терен беа подобри од Андора со 81-76. Македонскиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелци, имаше два скока и две асистенции.

Реал Бетис дојде до гостинска победа над Фуенлабрада од 77-82. Американецот со македонски пасош беше стрелец на два поени.

Валенсија е на третото место во Лига Ендеса со 42 бода исто колку Реал, но и меч повеќе, додека Реал Бетис е на 15 позиција на табелата.

ПретходноБорусија (Д) тврди дека Халанд се уште преговара за нов договор
СледноАтлетико (М) падна во Билбао, виси настапот во ЛШ следната сезона (ВИДЕО)