Супер триумф на Вардар на гости кај Воска, следуваат две пеколни кола во ВМФЛ– ЗАПАД!

2134

Голема победа, златна победа на Вардар на гости кај Воска со 0:1 во битката за баражот за пласман во ПМФЛ. Значи сега следуваат две пеколни кола, но сега Воска има само три бода предност.

Голема битка попладнево на градскиот стадион во Струга. И двете екипи си имаа свои шанси, но одлучи голот на Демир во 63.минута за голема радост, големо славје на сите во таборот на Вардар.

Со овој пораз Воска и тоа како си ја искомпликува својата ситуација, додека вардарци пак сега имаат шанса, надежна шанса за да во последен момент дојдат во баражот.

No description available.

ПретходноЕкс клубот на Спировски официјално згасна
СледноПМФЛ: Брегалница го “урна“ шампионот, Шкендија славеше со Работнички!