Халанд со хет – трик, но Дортмунд во трилер меч загуби од Бохум, Мајнц го совлада Баерн! (ВИДЕО)

79

Каков спектакуларен меч во рамките на 32.коло во Бундеслигата меѓу Дортмунд и Бохум кој на крајот заврши со триумф на гостите од 3:4. Интересно Ерлинг Халанд постигна хет – трик, но ни тоа не беше доволно за реми а камо ли за победа.

Бохум поведе со 0:2 веќе во 8.минута, но тогаш на сцена стапи супер – Ерлинг со три гола во серија, во 18., 30. и 62. за водство на Дортмунд од 3:2, од кои првите два беа од белата точка. Сепак тоа не беше се од Бохум, со головите на Локадиа и Пантовиќ во 80. и 85.минута гостите победија.

На останатите мечеви Келн како гостин го совлада Аугсбург со 1:4. Мајнц со 3:1 го победи Баерн Минхен и направи големо изненадување.

Билефелд и Херта одиграа без победник 1:1, исто како и Штутгард и Волфсбург.

ПретходноШок за Каљари од Верона, Наполи броеше со шест (ВИДЕО)
СледноПолувреме во ПМФЛ: Адетунџи го користи “киксот“ на Денковски за 1:1, без голови под Шара…