Шок за Каљари од Верона, Наполи броеше со шест (ВИДЕО)

112

Наместо освојување бодови за спас на домашен терен, тимот на Каљари загуби од Верона со 1:2 и со тоа речиси си го „минираше“ опстанокот во Серија А сезонава. Бодовите за домаќинот беа неопходни, но гостите тоа не ги интересираше на овој меч па преку головите на Барак и Карпари поведе со 0:2. Домашните намалија преку Жоао Педро но само за минимален пораз.

Сега Каљари има 28 бода од 35 мечеви но два повеќе од Салернитана која е следна на табелата и го држи последното место кое води во релегација.

Наполи од друга страна го „уби“ на свој терен Сасуоло со 6:1. Домаќинот по само 45. минути водеше со 4:0 по што катастрофата беше јасна. Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од мечот.

ПретходноСемејството потврди: Почина Мино Раиола!
СледноХаланд со хет – трик, но Дортмунд во трилер меч загуби од Бохум, Мајнц го совлада Баерн! (ВИДЕО)