Колумбискиот играч од средниот ред Хамес Родригез ја зваршува својата авантура во редовите на катарски Ал-Рајан. Според информациите кои доаѓаат од странските медиуми тој својата кариера ќе ја продолжи во Премиер-лигата.
Родригез од 5. март нема одиграно ниту еден меч, според многумина потег кој не е случаен, тој сака да го напушти Катар и да се врати во Европа. Неговата желба се чини брзо ќе се исполни. Се поврзува со Вест Хем.
Клубот од Лондон финансиски е стабилен и може да ги исполни барањата на 30-годишниот фудбалер, кој веќе еднаш играше во Премиер-лигата во дресот на Евертон.
Во првиот обид Родригез не успеа да ја спаси својата кариера во Англија, останува да видиме како ќе биде во дресот на Вест Хем.