ВМФЛ – ЗАПАД: Воска – Вардар, битка за пласман во баражот…

302

 

Денеска се играа сите натпревари од 25.коло во ВМФЛ – Запад. Секако дека централен настан е дуелот меѓу Воска и Вардар, големото дерби кое ќе се одигра во Струга со почеток во 17 часот. Тоа ќе биде битка до истребување што се вели, битка која носи пласман во баражот за пласман во баражот за ПМФЛ.

Воска има шест бода предност на три кола до крајот, затоа со победа па и со реми ќе ја заврши работата. Во случај Вардар да ги освои трите бода, е тогаш ќе биде супер интересно во последните две кола.

Силекс го пречекува Тетекс и веројатно ќе стави “печат“ на враќањето во елитата. Во останатите мечеви се среќаваат Беса – Велешта, Охрид – Кадино и Кораби –Гостивар.

 

ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

БЕСА – ВЕЛЕШТА

ОХРИД –КАДИНО

КОРАБИ – ГОСТИВАР

СИЛЕКС – ТЕТЕКС

ВОСКА – ВАРДАР

ТАБЕЛА

Силекс 62, Воска 55, Вардар 49, Тетекс 35, Гостивар 30, Беса 29, Кораби 26, Охрид 25, Велешта 17, Кадино 6 бодови.

ПретходноКуманово со проблеми кај разнишаниот Работнички
СледноВМФЛ –ИСТОК: Ќе “врие“ под Маркови Кули