ВМФЛ –ИСТОК: Ќе “врие“ под Маркови Кули

473

Големо дерби ќе има и на истокот, во 30.коло во ВМФЛ – ИСТОК денеска од 17 часот. Се игра во Прилеп, а се среќаваат Победа и Беласица, тоа се две екипи кои заедно со Слога (В) се во мртва трка за првите две места кои водат директно во ПМФЛ или во баражот за пласман во елитата.

Попладнево ќе “врие“ под Маркови Кули во Прилеп. Прилепските фанови посакуваат победа со која нивните миленици ќе бидат на чекор од остварување на целта, но Беласица сезонава покажа дека има екипа и резултати достојни за своето име.

Лидерот Слога (В) дома игра со Саса, и со нови три бода момците на стратегот Никола Кузманов ќе бидат уште поблиску до ПМФЛ.

На останатите мечеви се среќаваат Пехчево – Братство, Детонит – ТИМ Локомотива и Кожуф – Осогово.

 

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО-ДЕНЕСКА (17 Ч)

ПЕХЧЕВО – БРАТСТВО

ДЕТОНИТ – ТИМ ЛОКОМОТИВА

КОЖУВ – ОСОГОВО

СЛОГА (В) – САСА

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

ТАБЕЛА

Слога (В) 54, Беласица 53, Победа 53, Саса 44, Кожуф 31, Пехчево 27, Детонит 27, Осогово 27, Братство 14, ТИМ Локомотива 6 бодови

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Воска – Вардар, битка за пласман во баражот…
Следно„Ако Лукаку дојде во Барселона, никогаш повеќе нема да ги гледам“