Во тензична завршница, Талевски го спаси Е.Пелистер 2 од пораз!

244

Е.Пелистер 2 се спаси во последната секунда од пораз на дуелот против Тиквеш, во тензична завршница со мала мешаница на теренот, битолчани извадија реми (25-25) во меч од седмото коло од плеј-офот и останаа на четвртото место на табелата. Израмнувачкиот гол го реализираше Стефан Талевски од седум метри.

Арсеновски со седум гола беше прв стрелец, Павле Атанасијевиќ имаше пет. На другата страна Симиќ имаше девет гола.

Избраниците на Алексаднар Јовиќ добро влегоа во мечот, поведоа со 5-2. Но, на другата страна гостите со вратија со 1-4 и израмнија на 6-6. Во продолжение следеше изедначена битка, а дека вторите 30 минути ќе бидат „пеколни“ најавата дојде на полувремето (11-11).

Тиквеш успеа да дојде до водство 14-15 и 19-21, но битолчани го помош на домашната публика израмнија на 21-21. На минута до крајот Тиквеш поведе со 24-25, по нерализираниот напад на битолчани, не искористија напад за сигурен триумф со играч повеќе.

Кавадарчани беа груби во одбраната, па по еден боречки зафат над Талевски, истиот играч успеа да реализира од седум метри и да се спаси од пораз (25-25).

На останатите два меча од плеј-аут лигата Пролет беше подобар од Струга со 31-32, Прилеп на домашен терен беше сигурен против Скопје (29-25).

ПретходноЗАПАД: „Жешко“ беше во Струга, Силекс стави “печат“ на пласманот во ПМФЛ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноИСТОК: Прилеп во ЕУФОРИЈА, Победа ја “торпедираше“ Беласица и сега е чекор до ПМФЛ! (ВИДЕО)