Сите погледи на ракометната јавност во Македонија овој викенд се вперени кон Битола. Овој град се подготвува за утрешното мега дерби меѓу Е.Пелистер и Вардар 1961, надеж дека титулата по долги години ќе се врати во Битола.
Билетите веќе се распродадени, избраниците на Жељко Бабиќ и неговите момци ќе имаат полни трибини во обидот да се искачат на тронот.
Додека се прават последните подготовки во салата „Боро Чурлевски“ денеска вториот тим на Е.Пелистер ќе го пречека Тиквеш (18 часот) како загревање за дербито. По поразот од Бутел Скопје во минатото коло, битолчани ќе бараат победа против Тиквеш за задржување на третото место на табелата во плеј-офот.
Покрај Е.Пелистер – Вардар 1961, утре еден час порано (18), Бутел Скопје ќе биде домаќин на Охрид.
Во плеј-аут лигата во рамките на седмото коло, Струга е домаќин на Пролет, Прилеп го пречекува Скопје, двата меча се закажани со почеток во 18 часот.