За Работнички почнува Матеј Ангелов

703

Со 17. години за прв пат за тимот на Работнички на денешниот меч против Шкендија на гостински терен во рамките од новото ПМФЛ коло ќе стартува капитенот на У18 репрезентацијата на Македонија, Матеј Ангелов. Ова ќе биде деби на младиот офанзивец во стартните единаесет за Работнички, затоа што тој досега има забележано единствено настап од клупата.

„Романтичарите“ денеска во Тетово од 17:00 часот ќе стартуваат во нешто водиозменет состав во однос на последниот меч одигран на домашен терен против, Скопје. Стартува и Димитар Тодоровски У21 репрезентативецот на Македонија.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Нафиу, Гури, Дориев, Шала, Незири, Цаке, Тимовски, Гуера, Рамадани

Работнички: Мустафа, Рафаел, Станковски, Ристовски, Кутсиа, Ангелов, Родригез, Зејнулаи, Илиевски, Ѓорѓевиќ, Тодоровски.

ПретходноИма надеж за Алавез, совладан е Виљареал
СледноСемејството потврди: Почина Мино Раиола!