Маурицио Покетино на кратко ги израдува навивачите на ПСЖ кога пред два дена изјави дека Килијан Мбапе 100% останува во редовите на новиот француски првак. На оваа информација се огласи и Карло Анчелоти, кој имаше интересен одговор. Добро е познато дека Реал Мадрид одамна сонува за младиот фудбалер.
„Покетино изјави дека Мбапе останува: Добро, но тренерите понекогаш знаат и да лажат“, порача Анчелоти.
Арегнтинскиот тренер се чини ја слушна изјавата на Анчелоти, па се исправи.
„Дали кажав дека со Мбапе ќе останеме во клубот следната сезона? Не. Зборував за сегашноста“, потенцира Покетино.
Се чини дека стратегот на ПСЖ е под голем притисок, па ниту самиот не знае што зборува.