Лејкерс спасот го гледаат во помошниот тренер на Милвоки

129

Изненадувачки вести од Соединетите Американски Држави. Лос Анџелес Лејкерс по разделбата со Френк Вогел тргна по потрага по нов тренер, а неговото место би требало да го заземе помошникот од стручниот штаб на Милвоки Бакс, Дарвин Хам.
Тој пред 11 години бил асистент во стручниот штаб на Лејкерс, во 2013 заминал во Атланта каде поминал пет години исто така како помошник. Во 2018 година прави преселба во Милвоки и беше дел од стручниот штаб на Баденхолзер кој ја освоија шампионската титула.
Ако биде ангажиран од Лејкерс тој прв пат ќе биде главен тренер на НБА екипа.
Како играч Хам девет години играл во НБА лигата и тоа во Денвер, Индијана, Вашингтон, Милвоки, Атланта и Детроит, а имал и кратка епизода во Гранада (1999 година).

ПретходноИсториски триумф за Шерифовски на ЕП во Софија (ВИДЕО)
СледноВелешанец освои супер милионер џекпот вреден близу 8.5 милиони денари