Со голот на Кеита во 19.минута од мечот тимот на Ливерпул забележа уште една победа во овогодинешниот Премиер лигашки шампионат, и на тој начин мина уште една пречка на патот кон титулата сезонава. Минималните 0:1 против тимот на Њукасл можеа да бидат удвоени, или пак утроени, но ете, напаѓачите на Ливерпул или не беа прецизни или пак домашниот голман Дубравка добро интервенираше.
На овој начин, Ливерпул повторно ја рпефрли топката кај Манчестер Сити кој исто така викендов мора да победи за да остане во трка за титулата. Сити му гостува на Лидс од 18:30. Ливерпул има два бода повеќе и нормално, меч повеќе во моментов.