Најтрофејниот македонски одбојкарски стратег, Јошко Миленкоски, финишираше на третото место во шампионатот на Грција со неговиот тим Финикас. Во последното коло од разигрувањето Финикас оствари победа од 3:0 на гостувањето кај Панатинаикос, кој ја освои шампионската титула.
Во едно од најсилните првенства во Европа, Миленкоски практично направи чудо со Финикас, откако претходно го освои и Суперкупот, а се уште е во игра и за освојување на Лига Купот, каде утре во првиот меч од полуфиналето гостува против Панатинаикос, а на 5 мај на домашен терен ќе го одигра и возвратниот меч. Ако успее да го елиминира шампионот, Финикас во финалето на Лига Купот ќе игра со ПАОК.