Франческо Бањаја од тимот на Дукати Леново имаше фантастичен настап во квалификациите во Мото ГП на патеката „Херес“ за ГН на Шпанија. Италијанецот не само што беше најбрз туку го урна и рекордот на патеката. Бањаја извозе најбрз круг во време 1:36.170 ја освои пол – позицијата. Па така утре на трката ќе стартува прв од стартот.
Втор беше Фабио Квартараро на Јамаха со време од 1:36. 623 а на третата позиција се најде Алеш Еспаргаро на Априља.
Утре во 14 часот е главната трка во “кралската класа“.
He's back! 😎@PeccoBagnaia TAKES POLE POSITION! 🔥#SpanishGP 🇪🇸 pic.twitter.com/r298s3lCkE
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) April 30, 2022