Нуркиќ доби тужба од навивач на кого му го фрли мобилниот телефон (ВИДЕО)

180

Јусуф Нуркиќ се најде во центарот на вниманието. Центарот на Портланд доби тужба од навивач на кого му го фрли мобилниот телефон по мечот со Индијана одигран на 20. март.

Поради овој потег, босанскиот кошаркар од НБА-лига доби казна од 40.000 долари, а сега ќе се соочи и со судски процес.

Навивачот не само што ќе го тужи Нуркиќ, туку и новинарот на „Yahoo Sports“, кој објави дека намерно го провоцирал кошаркарот, го пцуел и испратил навредливи зборови за неговото семејство, поточно неговата мајка и неговата баба која починала од коронавирус. Тој имал и сведоци кои ќе го потврдат ова.

Претходно„Ако Лукаку дојде во Барселона, никогаш повеќе нема да ги гледам“
СледноИсториски триумф за Шерифовски на ЕП во Софија (ВИДЕО)