Официјално Реал е шампион: “Кралот“ си ја врати КРУНАТА, Анчелоти влезе во историјата! (ВИДЕО)

563

Готово е, официјално е. Реал Мадрид е новиот шампион во Ла Лига и тоа по 35-ти пат во својата историја. Па така по само една година пауза, „Кралот“ си ја врати круната и со тоа покажа кој е кој. На четири кола до крајот Реал Мадрид има веќе недостижна предност од 17-18 бодови од Севиља и Барселона, па така може да се слави во Мадрид новата титула.

Попладнево на “Сантијаго Бернабеу“ Реал Мадрид со 4:0 славеше против Еспањол. Едноставно Реал си ја искажа сета своја класа.

Стрелци на головите беа Родриго во два наврати, па Асенсио, Бензема.

Треба да се каже дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти со оваа титула влезе во историјата. Имено тој е единствен стратег кој во сите Лиги 5 освојувал титули. Во Шпанија (Реал Мадрид), Италија (Милан), Франција (ПСЖ), Германија (Баерн Минхен) и Англија (Челзи), секоја чест за Дон Карло.

ПретходноПолувреме во ПМФЛ: Адетунџи го користи “киксот“ на Денковски за 1:1, без голови под Шара…
СледноБрајтон убедлив кај Вулфси…