Малку недостигаше ФК Партизан, еден од најголемите клубови во екс – СФРЈ, еден од најголемите на овие простори и сега, да биде исфрлен од настапите во Европа. Имено српскиот клуб имал повеќе долгови и кон поранешни играчи,но и кон УЕФА. По тужбата од Лугано беше суспендиран и му се забрани до 2024 година да прави тррансфери.
Сепак пострашно за Партизан било тоа што часови го делеле од исфрлање од настапите во Европа за следната сезона. Долгот бил 250.000 евра и истиот бил платен од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија, всушност ФСС му позајмил пари на Партизан и со тоа го спасил од несогледливи последици.
Сега откако е платен долгот белградските “црно – бели“ ќе можат и да прават трансфери.