ПМФЛ: Брегалница го “урна“ шампионот, Шкендија славеше со Работнички!

378

Одличен меч во Штип, во кој Брегалница со 4:1 успеа да го победи Шкупим, новиот шампион на Македонија. И двете екипи одиграа квалитетно, напаѓачки, но “сините“ ги користеа своите шанси, постигнаа два гола од белата точка и успеаја да победат.

Џокиќ во 15.минута го отвори резултатот за водство на домашните. Следуваше кикс на голманот Денковски во 29.минута, тоа го искористи Адетунџи и успеа да го израмни резултатот на 1:1.

Само што почна вториот дел Џокиќ од пенал носи ново водство за „сините“. Денковски успеа да се извади за киксот со одбранет пенал по шутот на Алварез.

Следуваа два гола на Брегалница, на Стојанов и Алтипармаковски за конечни 4:1.

May be an image of 3 people, people playing sports and grass

Во Тетово екипата на Шкендија со 1:0 го победи Работнички и со тоа си ги зголеми шансите за излез во Европа. Шкендија со голот на Дориев во 55.минута успеа да победи и да дојде до трите бода. Од друга страна Работнички имаше свои шанси за подобар резултат но не успеа да ги искористи.

ПретходноСупер триумф на Вардар на гости кај Воска, следуваат две пеколни кола во ВМФЛ– ЗАПАД!
СледноУнрух ја уништи Академија ФМП и го приближи Кожув кон опастанокот