Мемфис со пресврт до полуфинале во Западот (ВИДЕО)

204

Мемфис ја совлада Минесота со 114-106 и победи во серијата од 4-2. Гризли во полуфиналето во Западната конференција ги закажа пресметка со Голден стејт, кој лесно ги реши Денвер.

Минесота имаше шанси да дојде до изедначување, имаше и двоцифрена предност. Во последната четвртина влезе со позитива од 84-74, кон средината на овој период, Мемфис со серија 6-0 поведе со 99-103 и до крај не го испушти водството.

Најфикасен во редовите на победникот беа Бејн и Брук со по 23 поени, Џексон имаше 18 поени и 12 скока, додека Морент застана на 17 поени. На другата страна Едвардс запиша 30 поени.

Во конференциското полуфинале на Западот не чека дуел межу Феникс и Далас, додека во Истокот, Мајами игра против Филаделфија, а шампионот Милвоки ќе ги одмери силите со Бостон.

Меѓу сите овие екипи ќе го бараме името на првакот во најсилното светско клупско натпреварување.

ПретходноСтразбур стигна 1:3 против ПСЖ и уште сонува за ЛШ (видео)
СледноАвантурата на Родригез во Катар завршува, се враќа во Премиер-лигата!