По пауза од речиси четири децении, екипата на Трабзонспор е нов шампион на Турција. На долгиот пост му дојде крајот по цели 38 години.
Трабзон ја обезбеди титулата со вечерашниот бод против Анталијаспор 2-2 во 35. коло од турскиот шампионат. Домашните поведоа со 1:0 во третата минута со голот на Корнелиус по асистенцијата на Омур, а Ндао израмни во 51. минута.
Големото славје на Трабзонспор го режираше Токзо со гол во 62. минута, асистент беше Омур за 2:1. Во 80. минута Рајт израмни на 2:2.
На три кола пред крајот на првенството, Трабзонспор има недостижни девет бода пред второпласираниот Фенербахче, а обезбеди и пласман во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.
Фенербахче и Коњаспор до крајот на сезоната ќе се борат за втората позиција, која води и до пласман во Лигата на шампионите, додека четвртопласираниот Башакшехир е на чекор до пласман во Конференциската лига на УЕФА.
Лигата ја напуштаат Алтај, Ризеспор, Гецтепе и Јени Малатијаспор.
📍 Atatürk Alanı | Arkanda inananlar…pic.twitter.com/9nespGaWzN
— Trabzonspor (@Trabzonspor) April 30, 2022