Двете најголеми ѕвезди на снукерот, Рони О’Саливен и Џад Трамп ќе играат во финалето на Светското првенство во Шефилд.
Рони „Рокет“ во полуфиналето беше подобар од вечниот ривал Џон Хигинс. Тој славеше со убедливи 17:11, додека многу повозбудливо беше во втората полуфинална пресметка, онаа меѓу Џад Трамп и Марк Вилијамс. Победникот беше решен дури во последниот 33. фрејм.
Финалниот натпревар се игра два дена во четири сесии и максимум 35 фрејмови.