Тревор Бауер можеби ја заврши кариерата поради суспензија која му ја изрече МЛБ, најсилната бејзбол лига на светот. Ветеранот во МЛБ и Ол-стар играчот од 2018 година доби една од најнеобичните казни во спортот, не сметајќи ги доживотните. Поради два пријавени случаи на насилство во фамилијата и сексуален напат е суспендиран на дури 324 натпревари!
Во период тоа се полни две години без настап за тимовите од најсилната бејзбол лига во светот.
Бауер, кој беше под суспензија од ЛА Доџерс уште од јули минатата година, нема да може на терен долго време.