Унрух ја уништи Академија ФМП и го приближи Кожув кон опастанокот

95

Во првиот натпревар од 4. коло од Плеј-аут лигата, кошаркарите на Кожув му го нанесоа четвртиот пораз по ред на Академија ФМП, во Скопје славеа со 68-74.

Иако во најголем дел од средбата во „Независна Македонија“ домашната екипа имаше постојана предност, сепак, по три одиграни четвртини резултатот беше нерешен (50:50).

По само три и пол минути игра од последниот период, Кожув го превзема водството, (59:56), одржуваше минимална, но доволна позитива за нова радост и приближување кон единствената цел оваа сезона, опстанок во елитата.

Тимот од Кисела Вода на другата страна дојде до четвртиот пораз во овој дел од сезоната.

Унрух со 45 поени беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Бакоч имаше 14 поени.

ПретходноПМФЛ: Брегалница го “урна“ шампионот, Шкендија славеше со Работнички!
СледноЗАПАД: „Жешко“ беше во Струга, Силекс стави “печат“ на пласманот во ПМФЛ (ФОТОГАЛЕРИЈА)