Наместо освојување бодови за спас на домашен терен, тимот на Каљари загуби од Верона со 1:2 и со тоа речиси си го „минираше“ опстанокот во Серија А сезонава. Бодовите за домаќинот беа неопходни, но гостите тоа не ги интересираше на овој меч па преку головите на Барак и Карпари поведе со 0:2. Домашните намалија преку Жоао Педро но само за минимален пораз.
Сега Каљари има 28 бода од 35 мечеви но два повеќе од Салернитана која е следна на табелата и го држи последното место кое води во релегација.
Наполи од друга страна го „уби“ на свој терен Сасуоло со 6:1. Домаќинот по само 45. минути водеше со 4:0 по што катастрофата беше јасна. Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од мечот.