Доминација: Струмица ја освои деветтата шампионска круна

145

Одбојкарите на Струмица се новите, стари шампиони на Македонија. И во третиот меч од финалната серија против тетовска Шкендија, Струмица славеше убедливо со 3:0 и со тоја ја потврди тоталната доминација во македонската машка одбојка.

Во вечерашниот дуел во салата „Парк“, Струмичани не дозволија никакви изненадувања и во трите сета доминираа против тетовскиот тим. За Струмица ова е деветтиот шампионски пехар, а годинава исто така ја одбрани ланската двојна круна, откако претходно доминираше и во националниот куп.

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ (М)

ТРЕТ НАТПРЕВАР:

СТРУМИЦА 47&72 – ШКЕНДИЈА 3:0 (25:10, 25:13, 25:16)

ПретходноМиленкоски и Финикас завршија трети, остана уште борбата во Лига Купот
СледноСнукер мајсторите О’Саливен и Трамп во финале за светската титула