Екс клубот на Спировски официјално згасна

474

Украинскиот прволигаш ФК Мариупол и официјално повеќе не постои. Со оглед на ситуацијата во Украина, а особено во овој град кој е тотално разурнат и уништен од воените дејствија, раководните структури на овој клуб, одлучија да ги раскинат договорите со сите професионални фудбалери кои беа на платниот список, и официјално да го згаснат клубот.

Клубот е основан 1960 година, а четвртото место е неговиот најголем успех. Во Мариупол настапуваше македонскиот репрезенативец Стефан Спировски, а од таму си замина во јануари годинава. Спировски играше на последниот официјален меч за Мариупол на 10 јануари, а потоа сите останати мечеви на клубот беа пријателски. Некогашниот наш младински репрезентативец Бесир Демири исто така беше дел од овој клуб.

 

ПретходноБрајтон убедлив кај Вулфси…
СледноСупер триумф на Вардар на гости кај Воска, следуваат две пеколни кола во ВМФЛ– ЗАПАД!