Екипата на Зенит по четвртипат по ред стана шампион на Русија. Тимот од Ст. Петербург во 27. коло на руската Премиерлига го победи Локомотив (М) со 3:1.
Со 61 бод по 27 првенствени натпревари, тимот на Сергеј Семак стана недостижен за конкурентите и си ја гарантираше титулата. Динамо може да се израмни со Зенит на бодови, но ако бодовите бидат исти, во полза на Зенит оди меѓусебниот скор.
Зенит го освои руското првенство 4-ти пат по ред и 8-ми пат во историјата.