Тимот на Алавез си ги одржа во живот шансите за опстанок сезонава, откако на домашен терен предмалку со конечни 2:1 го совлада тимот на Виљареал, инаку огромен фаворит на овој дуел.
Клучен период на овој меч беше оној почетниот во кој Лагвардија односно Ескаланте по половина час му донесоа водство на домаќинот од 2:0. Потоа гостите преку Чукуезе во вториот дел намалија на 2:1, но не успеаа по втор пат да го совладаат домашниот голман Пачеко.
Со овој триумф Алавез стигна до 28. бодови сезонава, два помалку од Кадиз кој е на местото со кое се обезбедува опстанок.