Снукер мајсторите О’Саливен и Трамп во финале за светската титула

207

Двете најголеми ѕвезди на снукерот, Рони О’Саливен и Џад Трамп ќе играат во финалето на Светското првенство во Шефилд.

Рони „Рокет“ во полуфиналето беше подобар од вечниот ривал Џон Хигинс. Тој славеше со убедливи 17:11, додека многу повозбудливо беше во втората полуфинална пресметка, онаа меѓу Џад Трамп и Марк Вилијамс. Победникот беше решен дури во последниот 33. фрејм.

Финалниот натпревар се игра два дена во четири сесии и максимум 35 фрејмови.

ПретходноДоминација: Струмица ја освои деветтата шампионска круна
СледноБорусија (Д) тврди дека Халанд се уште преговара за нов договор