Алегри: Многу сум лут што не се бориме за титулата

212

Тренерот на тимот на ЈУвентус, Масимилијано Алегри вели дека е исклучително разочаран што неговиот тим сезонава не е во битка за титулата, и дека такво нешто на Јувентус едноставно не смее да му се случи.

„Доколку ми речете да изберам меч кој сакам повторно да го играме секако дека тоа ќе  биде оној во кој испаднавме од Лигата на Шампионите.  Мора да ги запомниме грешките што ги правиме. Сепак, имаше некои позитивни работи сезонава.  Треба да освоиме четири бода во преостанатите натпревари за да обезбедиме учество во Лигата на шампионите, како и да го одиграме финалето на Купот на најдобар можен начин. Јуве освои многу во последните години и беше доста добар во Европа, секогаш играјќи важна улога во Лигата на шампионите. Оваа година имаме добра основа и мора да бидеме подготвени за следната година. Оваа сезона сите добро соработувавме, обидувајќи се да ги анализираме грешките што ги направивме. На добар пат сме, но долг е оној до триумф, бидејќи само еден тим го постигнува тоа. Многу сум лут што не се бориме за титулата“ – рече Алегри

ПретходноАнчелоти покажа дека знае да „шизи“…. (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Оваа победа е многу важна во битката за титулата