Арсенал ги скроти “чеканите“ во дербито на Лондон! (ВИДЕО)

87

Арсенал со 1:2 како гостин успеа да го победи Вест Хем во меч од 35.коло во Премиер – лигата. Ова е трета победа во серија за четата на стратегот Микел Артета со која и дефинитивно се наметнува во битката за пласман во Лигата на Шампионите.

Гостите“ први го открија резултатот во 38.минута со голот на Холдинг, по асистенцијата на Сака. Сепак на пауза се замина со 1:1, откако во 45.минута Боувен ја затресе мрежата на Арсенал.

Сепак уште во раната фаза на вториот дел, Габриел постигна гол за 1:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

ПретходноПМФЛ: Пенал – победа за “лавовите“ во битката за Европа, фантастичен гол на Босанчиќ под Шара…
СледноБутел Скопје сигурен против Охрид