Вардар 1961 ја фрли Битола во очај. Сонот за 17. титула вечерва згасна, сега шансите да го видат својот тим на тронот се непостоечки, иако до самиот крај на сезоната остануваат уште три кола, сигурно актуелниот македонски првак нема да си дозволи кикс.
По завршување на мечот и поразот од 23-26, навивачите на Е.Пелистер беа револтирани го свирежи ги испратија своите ракометари. Не го кријат својот револт, социјалните мрежи се исполнети со критики до голем дел од ракометарите и стручниот штаб, бараат да си оди Жељко Бабиќ.