МЗТ Скопје 2 го доби Ангели во дербито на дното!

67

МЗТ Скопје 2 успеа да дојде до важни бодови во битката за опстанок и тоа против директниот конкурент Ангели. Малите „штркчиња“ на домашен терен го совладаа дебитантот со 87-82.

Бодовите се уште послатки, бидејќи до истите дојдоа со македонските кошаркари. Митевски и Исјаловски го предводеа својот тим, постигнаа по 21 поен, Андоновски беше стрелец на 18 поени, додека Петровски на 12 поени. На другата страна Рејм со 28 поени беше најдобар поентер на средбата, но истите не беа доволни за нов триумф.

Ангели добро го почна мечот, поведе со 16-20 во првата четвртина, но веднаш следеше одговор од МЗТ Скопје 2, кој на полувремето замина со позитива од 42-40. Дебитантот добро се држеше во воведните минути од третата четвртина, по што домаќинот во 28. минута дојде на 61-51. Овој ритам остана и во следните минути, на две минути до крајот МЗТ Скопје осигура водство од 81-65 за сигурна победа.

По 26. одиграни кола, двете екипи се на идентичен скор од 4.победи и 22. порази.

ПретходноПолувреме во ПМФЛ: Сефер Емини промаши пенал на дербито во Ѓорче, голови само во Битола!
СледноПресврт: Капитенот на Милан го откачи Лацио, сепак останува на „Сан Сиро“