Техничката комисија на Балканската одбојкарска асоцијација, вчера одржа годишен состанок во Истанбул на кој се разговараше за Балканските првенства кои треба да се одржат оваа година.
Членовите на Техничката комисија на БВА, меѓу кои и нашите преставици Зоран Карановиќ и Симон Џинес, ги назначија организаторите на балканските шампионати и ги одредија термините на одржување.
Балканското првенство за мажи до 20 години ќе се одржи од 6 до 10 септември 2022 година во Албанија. Македонија ќе игра во група „А“ заедно со домаќинот Албанија, Косово и Турција. ВФо групата „Б“ се Бугарија, Романија и Србија.
Балканското првенство за жени до 19 години ќе се одржи од 10 до 14 август 2022 година во Романија. Таму нашите девојки ќе бидат во групата „Б“ заедно со Србија и Грција. ВО првата група се: Романија, Косово, Турција и Бугарија.
Балканското првенство за мажи до 18 години ќе се одржи на 28 јуни до 2 јули 2022 година во Нови Сад (Србија). Нашите момци ќе бидат во групата „Б“ заедно со Бугарија и Молдавија. Во групата „А“ се Србија, Романија, Турција, Босна и Херцеговина.
Балканското првенство за жени до 17 години ќе се одржи од 6 до 10 јули 2022 година во Србија. Нашата селекција ќе биде во групата „Б“ со Турција и Романија. Во групата „А“ се: Србија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Бугарија.
Балканско првенство за жени до 16 години кое ќе биде квалификациско за 1. коло од квалификациите за ЕП 2023 ќе се одржи по 15 јануари 2023 година во Турција, ја стави Македонија во група со Србија и Романија. Во групата „А“ ќе бидат Турција, Бугарија, Косово и Грција.