Ладен туш во Битола. Тимот од овој град никогаш не бил поблизу до титулата после пауза од 17 години. Но, Жељко Бабиќ и неговите момци не ја добија најважната битка оваа сезона, на домашен терен беа совладани од Вардар со 23-26. Сега патот на актуелниот бранител на тронот е широко отворен, во следните три кола треба да остане перфектен за да ја прослави 15. шампионска титула.
На крајот ракометарите на Вардар беа поздравени, дури од битолчани, но затоа пак следеа свирежи за домашните играчи. „Чкембари“ беа бесни, па им порачаа дека играат како п*чки.