Барселона не дозволи уште еден шок на „Ноу Камп“ (видео)

129

Екипата на Барселона ја совлада Мајорка со 2:1 во шпанската Ла Лига и со тоа ја прекина серијата од три едноподруго порази на „Ноу Камп“. „Каталонците“ загубија од Ајнтрахт 2:3 во четвртфиналето на ЛЕ, потоа во првенството од Кадиз и од Рајо Ваљекано, а четврти пораз ќе беше премногу.

„Каталонците“ се освестија и ги прокнижија бодовите со кои се зацврстија на второто место на табелата зад Реал кој веќе ја слави шампионската титула.

Момците на Чави беа доминантни па ќе беше штета да не победеа и сега. Мемфис Депај го отвори резулатот со гол во 25. минута, а во 54. минута зголеми Серхио Бускетс. Феран Торес постигна гол во 73. минута кој беше поништен поради офсајд, а шест минути подоцна Раиљо го намали резултатот за Мајорка.

Барса е втора со 66 бода, два повеќе од третата Севиља.

Мајорка е на 16-тата позиција со 32 бода, еден бод повеќе од опасната зона.

ПретходноРома не успеа да стигне до место во ЛШ
СледноШампионот со победа ја почна серијата против Бостон, трипл-дабл на Јанис (видео)