Селтик – Ренџерс 1:1 е епилогот на 431. мега – дерби или „Олф Фирм“. Како што е вообичаено е кога играат овие две екипи, многу борба, неизвесност, со шанси, но сепак денеска немаше победник.
Ова значи дека Селтик ќе мора да почека на прослава на титулата, која лани ја освои вечниот ривал. Имено на три кола до крајот Селтик ја задржа предноста од шест бодови предност. Во случај на победа Селтик ќе беше и официјално шампион.
Инаку “домашните“ поведоа со голот на Жота во 21.минута, а “гостите“ израмнија преку Сакала во 67.минута. Истиот тој игрч имаше супер шанса за победа на Ренџерс, но ја погоди стативата.