Го имаме голот на сезоната во Аргентина (ВИДЕО)

314

Синоќа во Аргентина се одигра новото коло од овогодинешниот шампионат во кое тимот на Бока Јуниорс на домашен терен го совлада тимот на Бакарас Централ со конечни 2:0.

Овој дуел за нас и не би бил којзнае колку интересен, ако на него не беше постигнат еден од најубавите голови сезонаа.

Искусниот Дарио Бенедето, кој имаше одлична кариера и во Европа, се врати во дресот на Бока и вчера беше стрелец на двата погодоци. Сепак, оној вториот е за во аналите и многу веројатно е најубавиот кој го Бенедето го постигнал во кариерата. Се играше 60. минута, кога напаѓачот зафати еден центаршут со „ножички“, а момент подоцна легендарната „Ла Бонбоњера“ еруптираше од возбуда.

ПретходноРоналдо објави фотографија со новородената ќерка
СледноГерет Бејл не беше на прославата на титулата во Мадрид