Давид Дејвис кратко и јасно: Борко пресуди, тој ја направи разликата

626

Борко Ристовски со своето големо искуство го подигна својот тим во важните моменти, го отвори патот кон триумфот на гостувањето кај Е.Пелистер вреден титулата. Искусниот чувар на мрежата ладнокрвно во вториот дел запиша осум одбрани, сите во вистинско време. Заедно со капитенот Стојанче Стоилов, покажаа дека вредат злато за Вардар 1961.

По мечот кратко коментираше Давид Дејвис, кој е на добар пат да ја прослави првата титула како тренер на Вардар. Според него Борко ја направил разликата, секако и одбраната 5-1.

„Навистина е тешка да се победи во Битола. Минатиот меч Марко Кизиќ беше клучен, на оваа средба Борко Ристовски. Голманите се клучни на ваквите натпревари, а Борко ја направи разлика. Добри бевме и во одбраната 5-1, која се покажа како добро решение“, изјави Давид Дејвис.

ПретходноАплаузи за Вардарци, „Чкембари“ бесни на своите ракометари: Игравте како п*чки (ВИДЕО)
СледноБорко Ристовски: Честитки до Пелистер за проектот, но да не заборавиме дека Вардар е Вардар!