Дриблинзите и финтите на Чурлинов ги фрлија фановите на Шалке во екстаза (ВИДЕО)

1114

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше еден од највпечатливите играчи во победата од 2-1 нанеговиот Шалке против екипата на Сандхаузен на гостински терен. Со своите дриблинзи, Чурлинов во неколку наврати им правеше проблеми на дефанзивните играчи на домаќините, а имаше и шут кон стативата кој го иницираше и водтсвото од 1-0 за Шалке.

Однесувањето на Чурлинов за време на мечот ги воодушеви навивачите на тимот од Гелзенкирхен.

„Тоа беше неверојатно интензивен натпревар“, изјавил Чурлинов.

„На крајот вредеше трудот. Поддршката од навивачите беше едноставно неверојатна. Во меѓувреме навистина мислев дека играме на нашиот стадион затоа што се слушаше само Шалке. Навивачите повторно не туркаа. Не носеа и се погрижија да постигнеме гол за да победиме во дополнителното време. Оваа посветеност, оваа страст мораме да ја покажеме против ФК Сент Паули“, вели Чурлинов.

Еден негов потег, просто ги воодушеви навивачите на Шалке и предизвика ерупција на трибините.

ПретходноМладите одбојкари ги добија противниците за Балканските првенства за 2022 година
СледноСтрумичани слават титула и размислуваат за Лигата на шампионите на ЦЕВ